Новак: Украина има финансиски ресурси за следната уплата за руски гас

Од:

Украина располага со финаниски ресурси за да ја изврши следната уплата за руски гас, изјави вчера во Брисел рускиот министер за енергетика Александар Новак, по завршувањето на тристраните преговори Русија-ЕУ-Украина, цитиран од ТАСС.

Тој забележа дека во рамки на разгледувањето на зимскиот пакет за испораки на руски гас, украинската страна потврдила дека е подготвена гасот задолжително да го плаќа, а тоа најмногу ќе зависи од надворешните температури на воздухот и од нивото на потреби на стопанството и населението.

Новак посочи дека до вчераутро биле платени 68 милиони кубни метри гас.

Украина има дневни побарувања од 10 милиони кубни метри  и испораката ќе зависи од потребите на земјата.

Според рускиот министер, тешко е да се каже кога Киев ќе го направи следното плаќање.

– „Газпром“ ќе доставува толку гас колку што ќе биде платено, како и според дневните барања, кои се посочени во тристраната спогодба, додаде Новак.

Министерот подвлече дека Русија, Украина и Европската комисија (ЕК) вчера не потпишале никакви документи.

Новак дополни дека Украина не и доставила на Русија никаква писмена потврда дека одбива да плаќа за испораките за Донбас.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Чешка не му верува на Путин, продолжи да испорачува муниција за Украина

А1он

Го продаде двегодишниот син за 21.500 евра за со парите да „отпочне сопствен бизнис“

А1он

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ