Нова рунда преговори за испораката на руски гас за Украина

Од:

Во Виена денеска ќе се одржи нова рунда преговори меѓу ЕУ, Русија и Украина, посветени на испораката на руски гас за украинските поторшувачи во третиот квартал на 2015 година, јави агенцијата Укринформ.

Делегациите учесници на преговорите ќе ги предводат еврокомесарот за енергетика Марош Шефкович, русиот министер за енергија Александар Новак и украинскиот министер за енегрија и јаглен Володимир Демчишин,

Во пресрет на преговорите, рускиот премиер Дмитриј Медведев вчера соопшти дека компанијата „Нафтогаз Украина“ побарала од рускиот енергетски гигант „Газпром“ да го продолжи попустот на цената на гасот и во третиот овогодишен квартал.

– За нас ваквото барање е целосно очекувано со оглед на тешката економска состојба во Украина, изјави Медведев на состанокот со Новак и шефот на „Газпром“, Алексеј Милер, додавајќи дека Русија решила да излезе во пресрет на украинското барање.

Медведев најави дека цената на рускиот гас што ќе и биде испорачан на Украина во третиот квартал ќе изнесува 274 долари за 1.000 метри кубни.

Според проценките на „Газпром“, во текот на оваа година Украина ќе купи 15 милијарди метри кубни руски гас.

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски