Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи

Од:

Најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15. следниот месец, според проценка дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што рече Битиќи на новинарско прашање, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.

-Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот т.е. трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно, рече Битиќи.

Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира тој за поддршка на приватниот сектор. – Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција која што ќе ја направиме до 15 декември, посочи Битиќи, по прес-конференцијата за новите договори согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Претходно, на почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

(ВИДЕО) Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

(ВИДЕО) Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“