Нов штрајк ги парализира германските железници

Од:

Штрајкот на вработените во германските железници од денеска се прошири и на патничките возови, јави ДПА.

Германските машиновозачи од вчера повторно стапија во штрајк, додека раководството на „Дојче бан“ најави преговори со синдикатот ГДЛ и очекува решавање на проблемот.

Од вчера во 15 часот по локално време почна штрајкот прво во товарниот сообраќај, а два часа по полноќ и во патничкиот сообраќај, соопшти синдикатот на машиновозачи ГДЛ, без да објави колку долго ќе трае прекинот.

Целта на машиновозачите, кои штрајкуваат, е да добијат зголемување на платите и подобрување на условите за работа.

Се очекува милиони патници да бидат погодени од проширувањето на штрајкот и на патничките возови. Околу две третини од сите возови на долгите релации нема да сообраќаат. Околу 40 до 85 отсто од градските возови кои обезбедуваат конекција со предградијата нема да се движат.

Штрајкот ќе трае подолго од шестдневниот штрајк, кој беше објавен на 10 мај, кој беше најдолгиот дотогаш во историјата на „Дочје банк“, соопштија синдикатите на машинистите.

– Во текот на денот ќе седнеме на разговор со лидерите на синдикатот на машиновозачи ГДЛ, изјави вчера за телевизијата АРД Улрих Вебер, претставник на „Дојче бан“.

Ова е деветти прекин на работата во долгиот спор меѓу синдикатот на машиновозачи ГДЛ и државната германска железница „Дојче бан“ поради условите за работа.

Германската железница „Дојче бан“ дневно пренесува околу 5,5 милиони луѓе и има 300.000 вработени, а синдикатот на машиновозачи ГДЛ со месеци е во спор околу тарифите.

Машиновозачите бараат зголемување на платите од пет отсто и еден час помала работна недела, како и машиновозачите на локомотиви за маневар да добијат ист статус како и останатите машиновозачи.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ