Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година изнесува 65.544,00 денари и во споредба со месец септември 2025 година, кога кошницата изнесуваше 65.077,00 денари, бележи зголемување од 467,00 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија.
– Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата изнесува 80.919,00 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври изнесуваат 23.772,00 денари, што е зголемување од 378,00 денари во однос на септември, велат од ССМ.