Нов отворен инвестициски фонд на македонскиот пазар на хартии од вредност

Од:

КД Топ Брендови е новиот отворен инвестициски фонд со кој ќе управува Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Одобрението го издаде Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  на денешната седница со која претседаваше претседателот на КХВ  Елизабета Чингаровска.

Според инвестициските цели и политика, Фондот првенствено е наменет за вложувачи со среднорочен или долгорочен вложувачки хоризонт и умерена толеранција на ризикот, кои сакаат да ги постигнат своите инвестициски цели, диверзифицирајќи го своето портфолио на глобално ниво. Временскиот период кој е препорачлив за вложување во КД Топ Брендови е најмалку пет години.

Хартиите од вредност каде што Фондот ќе ги инвестира средствата предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на Република Македонија, држави во Европа кои се членки на ЕУ, ОЕЦД или ЦЕФТА и земји надвор од Европа чии регулирани пазари на хартии од вредност се членки на Светската федерација на берзи.

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје освен со новиот КД Топ Брендови – отворен инвестициски фонд управува и со уште три отворени инвестициски фондови и тоа КД БРИК, КД Кеш Депозит и КД Нова ЕУ. Инаку, КД Топ Брендови е единаесетти отворен инвестициски фонд во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска