Ценовен шок до 15 септември. Како што објави ОхридСкај, ќе се „шокираме“ од новите цени на сите енергенси, лебот, млечните производи и месото до 15 септември ќе бидат поскапени за 20-25%.
Цените на градскиот превоз,возните билети и таксито ќе вивнат за 20%, маслото за јадење на 120 денари за литар, месото ќе поскапе за 20% .
Од извори во Државниот завод за статистика, порталот обавува дека инфлацијата само во септември би можела да изнесува 5-7%.
Според порталот, поради сезоните на зимици, на граничните премини се забележуваат партиски компании на ВМРО ДПМНЕ како увезуваат големи количини на масло од Бугарија,Кина и Малезија.
Освен што увезуваат шекер, масло веќе овие фирми под строга контрола на владеачката партија почнале да увезуваат месо од Аргентина и Бразил како и дека организираат чуден реекспорт на пченица од Украина за Србија и Косово.
ОхридСкај дознава дека пред една недела веќе била повлечена Шумската полиција од високо сиромашните региони кои ќе бидат погодени со ценовниот шок па од ВМРО-ДПМНЕ наредиле предизборно повлекување на полицијата и предизборно сечење на 100.000-150.000 м3 дрва.