Нов Нисан Ноут за европскиот пазар на Саемот во Женева

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ објави први фотографии од европската верзија на моделот „Ноут“, кој ќе биде официјално претставен идниот месец на Саемот во Женева.

Моделот „Ноут“ на јапонскиот пазар беше претставен во јули минатата година.

Основниот модел е придвижуван од 1,2 литарски бензински мотор со 80 коњски сили. Според фабричките податоци потрошувачката на гориво изнесува 4,7 литри со емисија на јаглерод диоксид од 109 грама на километар.

Достапен е уште еден 1,2 литарски бензински мотор со 98 коњски сили, чија потрошувачка треба да изеусва 4,3 литри на 100 километри.

Нисан Ноут, во понудата, има и 1,5 литарски турбодизел мотор со 90 коњски сили и потрошувачка од само 3,6 литри на 100 километри.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on