Словенечкиот државен холдинг (СДХ) и управата на „Нова Љубљанска банка“ (МНЛБ) денеска го објавија писмото со намери за почеток на продажбата на акциите на најголемата словенечка банкарска групација на потенцијални инвеститори преку иницијална јавна понуда на акции (ИПО), што е првиот чекор во процедурата на нејзина постепена приватизација.
Почнатата постапка за продажба на најмалку 50 отсто од акциите на НЛБ ја одобри надзорниот одбор на банката и СДХ, а понудата ќе трае до средината на идниот месец, се соопштува во намерата за собирање понуди преку составот на Љубљанската берза, каде се изнесени и главните податоци за банката, пренесе Хина.
Како што се планира, јавната понуда за купување обични акции на НЛБ и потврдата за сопствеништвото на НЛБ ќе се активираат по очекуваниот почеток на котирањето на нејзините акции на Љубљанската берза (ЉСЕ) и Лондонската берза и презентацијата на понудите во Европа и Америка кај потенцијалните инвеститори.
Собранието на НЛБ има 356 филијали, од кои 113 се во Словенија, а останатите во Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора и Косово. Во Словенија на подрачјето на кредитното делување има пазарен удел од 23,9 отсто, а кога станува збор за депозитите од 25,3 отсто и е најголема словенечка банка, во стоотстотна сопственост на државата.
Билансот на банката пред крајот на минатата година изнесуваше 12,090 милијарди евра, а последните три години работи со добивка, што е продолженио и во првиот квартал од оваа година, кога биле реализирани 82 милиони евра добивка.