„Нисан“ за 2014 година го подготвува моделот „ ГТ-Р“ со унапредена НИСМО верзија

Од:

Компанијата „Нисан“ потврди дека во 2014 година на купувачите ќе им ја понуди унапредената „НИСМО“ верзија на спортскиот модел „ГТ-Р“.

Ако постои еден модел во Нисановата гама на кој не му е неопходен „НИСМО“ третман, тогаш тоа е „ГТ-Р“. Сепак, ќе биде штета јапонскиот производител да ја пропушти можноста дополнително да го унапреди својот автомобил со високи перформанси.

Според последните најави што доаѓаат директно од извршниот директор на „Нисан“, Карлос Госн, токму тоа ќе се случи во  2014 година.

Госн оваа информација ја соопшти при отворањето на новото седиште на спортското оделение на „НИСМО“ во Јокохама.

-Ќе биде незамисливо да им овозможиме „НИСМО“ третман на сите автомобили на „Нисан“, а да пропуштиме тоа да го сториме на најспрестижниот меѓу нив – моделот „ ГТ-Р“, рече  Госн.

„Освен тоа, она што го краси „Ниссан ГТ-Р“, како што се неговите перформанси, се рефлектираат во страста и талентот со кој располага „НИСМО“ тимот“, додаде тој.

Во „Нисан“ не се подготвени на медиумите да им откриваат повеќе детали за „Нисан ГТ-Р НИСМО“, освен дека тој ќе се темели на актуелната верзија на овој модел „ГТ-Р“ за 2013 година и дека во продажните салони ќе се најде во токот на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on