Кипарската Влада изрази задоволство од прогнозите на Евроската комисија за економијата на островската држава за оваа година, изјави портпаролот на Владата Никос Христодулидис.
– Напорите на Владата веќе почнуваат да ги даваат посакуваните резултати, рецесијата помина, невработеноста е во процес на пад, јавните финанснии се под контрола и можеме со оптимизам да гледаме во иднината, истакна портпаролот.
Христодулидис ја потенцира одлучноста на Никозија да продолжи стриктно да се придржува кон имплементирањето на реформите за целосно закрепнување на кипарската економија.