Никос Анастасијадис: Кипар сака да избегне целосна приватизација

Од:

На Кипар може да не му биде побарано да ги приватизира целосно државните претпријатија, за да исполни услови од програмата за стабилизирање изгласана во март меѓу кипарските власти и меѓународните ркедитори од ЕУ и ММФ.

Тоа го изјави кипарскиот претседател Никос Анастасијадис во интервју за кипарското издание на Катимерини.

Тој вели дека може да бидат привлечени странски инвеститори, но државата ќе задржи контролен пакет акции во претпријатијата.

– Дел од акционерскиот капитал може да биде префрлен на стратешки инветитор без целосно излегување на државата од тие претпријатија, нагласува претседателот.

Во март Кипар постигна договор со ЕУ и ММФ за помош од 10 милијарди евра. Меѓу условите е приватизација и конкретно беа посочени Кипарската телекомуникациска компанија и управувањето со морските пристаништа на Кипар.

Со тие продажби би биле инкасирани околу 1,4 милијарди евра. На 9 септември, Владата на Кипар побара од консултантска куќа да изготви приватизациска програма.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ