Николовски помеѓу сточарите од Кочанско: Веднаш да се исплатат парите за штетите од „Јазлеста кожа“

Од:

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, претпладнево помеѓу сточарите од Кочанско разговараше за
болеста „Јазлеста кожа“ која според него се уште се шири а сточарите трпат сериозни последици од неспособноста на првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство како и на Министерството за земјоделство.

Поради направените пропусти и грешки, сточарите трпат огромни штети. Загрижени се но и револтирани. Повеќе од три месеци од појава на болеста ниту еден сточар не е исплатен и обештетен иако излјадници говеда се угинати.

Сточарите не може да го обноват сточниот фонд од кој што егзистираат нивните семејства.

Дополнителен проблем за сточарите од кочанскиот регион, општина Чешиново-Облешево претставува тоа што стоката им е одземена без комплетна евиденција и без да им бидат издадени документи.

Сточарите стравуваат дека нема да бидат обештетени.

Николовски посочи дека одговороност за несподобноста и неодговорноста на првите луѓе на Агенцијата за храна и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство мора да има.

Во интерес на сточарите Николовски повторно повика на исплата на штетите и преземање мерки за заштита.

„Парите за исплата на штетите на сточарите мора веднаш да бидат исплатени. Зошто се чека, зошто не се иплаќаат парите никој не кажува. Што да прават сточарите, без сточен фонд од којшто егзистираат, како да преживеат. Недозволива е ваква неодговорност и неспособност. Вакцината доцнеше 3 месеци, вистината се криеше и од вас и од јавноста. За оваа катастрофа одговороност ќе има“ рече Николовски.

Во Европа и во регионот штетите за болеста се исплаќаат за три дена. Затоа на Македонија и се потребни промени, сточарите, земјоделците, да не бидат заборавени од власта туку таа да работи во нивни интерес, додаде Николовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ