Николовски: Одлуката на Косово ги прекршува меѓународните договри, наш приоритет е заштита на домашното производство

Од:

Одлуката што е донесена од Косово за зголемување на царината на 30 отсти за одредени земјоделски производи ги прекршува ЦЕФТА договорот и нивната спогодна за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Во текот на денот ќе бидат испратени дописи до ЦЕФТА, ЕУ и до министерството за трговија и индустрија на Косово, со кои ќе ги информираме за прекршувањата и ќе побараме итно повлекување на одлуката.

„Очекувам дека одлуката ќе биде повлечена. Ако тоа не се направи во најкраток временски период ние ќе го заштитиме нашето домашно производство – ова е нашиот приоритет. Ние од страна на Косово, не сме консултирани во овој процес, јас се надевам на дијалог и на разумност од страна на Косово, оти веќе Владата има усвоено Меморандум со нивното министерсвто за земјоделство.“ – изјави министерот Николовски.

МЗШВ и Министерството за економија детално ја разгледуваат целата одлука. Утврдени се елементи кои се формално правно нејасни. Така на пример, во дел од одлуката стои дека се однесува за овошје и зеленчук, а во листата на производи за кои ја зголемуваат царина стои пченка. Во самата табела каде што се наведени производите кои подлежат на зголемената царина, не се наведени тарифните броеви. Исто така се наведува дека се направени некои интерни консултации со домашните производители, има сериозни пропусти во селата процедура.

Најмногу погодени производи од оваа одлука во овој период би бил извозот на доматите, пиперките и сливите. Во моментот се анализираат точните податоци, вкупниот извоз во Косово за 2017 е околу 6 милиони евра, а во првите шест месеци од годинава 2,5 милиони евра. Увоз на земјоделски производи од Косово нема. Во одлуката го нема грозјето и други стратешки производи. МЗШВ е во контакт и со другите министри од регионот и ќе преземеме заеднички мерки и политики. Примарна цел на министерството е заштитата на домашното производство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски