Николовски: Нема проблем со откупот на лубениците

Од:

Нема никаков застој во откупот на лубениците. Дневно се преземаат по 500 тони, а наши екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поефикасни контроли во делот на безбедноста на храната, Николовски напомена дека ако за која било култура, вклучително и лубениците, се процени дека има потреба, Владата соодветно ќе реагира, како во случајот со доматите.

– Во откупот на лубениците нема апсолутно никаков застој. Не е точно ниту дека земјоделците се незадоволни од односот на Владата зашто во секој еден случај, кога ќе се оцени дека е потребно, се носат дополнителни мерки како оние за праската, грозјето, пченицата,…рече министерот.

Според него, покрај интервентните, се носат и мерки кои на долг рок треба да ги решат проблемите.

Во врска со пченицата, Николовски истакна дека производната цена се уште не може да биде објавена зашто допрва треба да почнат жетвата и откупот.

– Очекувам постојано да се зголемува цената на пченицата пред откупот. Лани стоковните резерви од пченица се продаваа по шест денари пред жетвата што доведе до спуштање на цената. Сега Владата тоа не го дозволи, потенцира Николовски.

Министерството, дополни, навреме ги обезбедува субвенциите, кога им се најпотребни на производителите, ги следи состојбите и одржува континуирани средби со сите засегнати страни, лозарите, градинарите, производителите на пченица, винарите, преработувачите, мелничарите.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп