Николовски: Нашата земја денес ја работат нашите земјоделци, само за овие години во Лозово се доделени 1.400 хектари земјоделско земјиште

Од:

Во рамки на информативниот караван Резултати за земјоделците, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Лозово оствари средби со повеќе земјоделци, презентирајќи ги новите мерки за поддршка предвидени за 2024 година.

Министерот Николовски во својата изјава за медиумите истакна дека сите земјоделци овде од Лозово потврдија дека на крајот од минатата година ја добиле првата историска авансна исплата на субвенциите. Кога над 55.000 земјоделци, за прв пат, добија 30% од субвенциите, пред време, во текот на истата календарска година.

Тој дополни дека и оваа година заедно со земјоделците продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика.

„Како што ветивме, од оваа 2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка која ја креиравме во 2019 година, мерка по која сме препознаени во регионот, а која е од директна помош за секој земјоделец“, истакна министерот Николовски.

Производителите на житни култури, со ова зголемување на поддршката за зелена нафта, добиваат 3.200 денари по хектар поддршка за зелена нафта, додека пак кај производителите на индустриски култури поддршката за зелена нафта сега изнесува 4.800 денари по хектар.

Како министерство наша цел, сите овие години, е секоја една педа обработлива земјоделска површина да ја ставиме во функција за производство на храна.

„Секое парче обработлива површина овде во Овчеполието е ставена на располагање на вистинските земјоделци. Денес нашата земја ја работат нашите земјоделци. Токму земјоделците од Лозово, најдобро можат да го потврдат тоа. Само во последниве години се склучени договори за закуп со над 120 физички лица и 19 компании, па така вкупното земјоделско земјиште, од 2018 до денес, кое овде во Лозово е доделено изнесува 1.400 хектари државно земјоделско земјиште“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски информира дека на последната владина седница, како предлог на министерството, беше усвоена измената во Уредбата за директни плаќања.

Измената е во насока да овозможи непречено право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Преку измената земјоделците своето право за субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

Во рамки на теренските активности во Лозово, министерот Николовски оствари посета на Пандура Велкова успешна жена земјоделка од селото Милино која произведува житни култури и тутун, а со поддршка од ИПАРД програмата има набавено земјоделска механизација. Задоволна од зголемената откпна цена и новата мерка за пријавена површина тутун, Пандура планира зголемување на своето производство тутун. Потоа посета на ИЗ Алтрај од село Дорфулија, успешно земјоделско семејство кое се занимава со производство на житни култури и кој имаат преку програмите на министерството досега набавено два трактори, а аплицирале и за мерката набавка на комбајн за жито. Министерот Николовски го посети и Исмаил Абидов, сточар кој со своето семејство одгледува над 300 грла овци.

При посетата на селото Дорфулија министерот Николовски ја посети и Атиџе Муратова, пчеларка и глумица, позната по документарниот филм „Медена земја“, каде на филмското платно ја раскажа својата приказна за последната жена одгледувач на диви пчели во Европа.

Би можело да ве интересира

Николовски: Ќе продолжиме со вложување во домашното земјоделство за да им обезбедиме европска иднина на младите

Горан Наумовски

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски