Николовски: Македонското земјоделство е успешен модел и пример за искористување на европските пари

Од:

Македонското земјоделство покажа дека е подготвено да ги апсорбира парите од европските фондови без кои нема модернизација и развој. Станавме пример и успешен модел што сакаат да го следат земјите во регионот. Тие прашуваат за нашите политики, прашуваат што сме направиле, за тоа да биде поприменето кај нив, рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој ја оцени изминатата година како исклучително успешна, а за оваа најави низа проекти. Меѓу приоритетите, истакна, ќе биде државата да има што повеќе мали производители на храна, а фокусот, како што дополни, ќе се стави на финалните производи.

-Во 2023 година докажавме дека најголем дел од економијата базира на земјоделството. Немавме ниту еден протест, но најважно мерило беа политиките и програмите. Македонското земјоделство е успешен модел како може да се користат европските пари. Покажавме дека можеме да бидеме пример во однос на ИПАРД. Ако во ИПАРД 1 искористивме 10 отсто од вкупните средства и вративме 55 милиони евра во европската каса, овие пет години, од 2017-ма до крајот на 2023-та, вративме нула евра во европската каса. Имаме рекорден број догооври, 2 400, над 2 200 договори се исплатени, а инвестициите се реализирани. Нема напред, нема модернизација и развој без европските средства, но нам ни требаат една милијарда, многу финансии и затоа сме прва земја што го почна ИПАРД 3, ниту една друга земја лани не ја почна оваа Програма. Повторно имаме рекорден број барања и за двете мерки, над 1 100 апликации, близу 100 милиони евра се бараат, рече Николовски.

По него на панелот, зборуваше министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, а учествуваат и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, како и Елена Младеновска Јеленковиќ од „Вина за Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје