Николовски: Ќе се анализираат ефектите од субвенциите и ќе се ревидира распределбата на земјиштето

Од:

Ќе се преиспитуваат ефектите од досегашната распределба на земјоделските субвенции, најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Како што рече на брифинг со новинарите, мора да се истражи како е можно толку многу пари да се вложуваат во земјоделството, а притоа Македонија да увезува огромно количество храна.

За овие и други анализи, како и за изготвување долгорочни планови и стратегии за развој на земјоделството, формиран е научен тим кој од утре и официјално почнува со работа. Во тимот членуваат професори од Факултетот за земјоделски науки и храна, а го предводи проф. д-р Јован Аждерски.

– Ќе ги апсорбираме сите стручни капацитети за правилно ориентирање на земјоделството, за остварување поголем принос и извоз, поголема конкурентност, квалитет и индустријализација, истакна Николовски.

Стручниот тим ќе бидe задолжен и за ревизија на распределбата на земјоделското земјиште, за реорганизација на парцелите, консолидација на обработливите површини и ревитализација на системите за наводнување како приоритетни активности.

Одговорајќи на новинарски прашања, министерот соопшти и дека овој месец ќе се бира партнерската организација преку која ќе се врши распределбата на грантот од ЕУ за задругите вреден 1,8 милиони евра.

Во врска со праските во Росоман, пак, за кои Владата обезбеди дополнителни шест денари субвенција, министерот рече дека заклучно со вчера се откупени 370 тони.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп