Николовски: Има доволно средства за дополнителна поддршка на земјоделците и сточарите

Од:

Ќе ги следиме цените на влезните елементи во земјоделското производство и имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други сурови, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Зависно од потребите и барањата на подсекторските групи, според министерот, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за се за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите.

Николовски смета дека Министерството успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство.

На новинарско прашање дали има простор за намалување на цените на зеленчукот и на овошјето, Николовски посочи дека се исполнува поставената цел и е зголемено производството на сончоглед, на житните и на останатите важни култури.

– Дел од овие клучни култури веќе стануваат извозни култури на државата, тоа е клучна цел и обврска на Министерството, затоа креиравме интервентен фонд, мерки за поддршка како да помогнеме во време на криза на земјоделците при вакви зголемени светски импути на влезните елементи во делот на земјоделското производство, што се случија минатата година. Единствена земја во регионот сме која го воведе Интервентниот фонд, со цел да го стабилизира и зголеми домашното производство. Министерството за земјоделство не регулира цени, туку дава поддршка на земјоделците да се зголеми и одржи домашното производство за да не ни се случи пад на производството во време на криза, рече Николовски, посочувајќи дека Владата на предлог на Министерството за економија со соодветни мерки и политики носи соодветни одлуки дали ќе има замрзнување на цените на одредени производи.

Прашан дали МЗШВ има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото од утре, Николовски наведе дека Министерството дава поддршка преку субвенции и други програми на сточарите за зголемените трошоци во производството.

– Единствена земја во регионот сме која воведе интервентен фонд и исплати 10 000 земјоделци за да помогне во производството. Тоа е нашата обврска, да го зголемиме македонското производство на храна во време на криза, а Владата носи одлуки на предлог на Министерството за економија кога има одредени осцилации и проблеми во делот на цената како што досега секогаш интервенираше вклучително и последните неколку одлуки што се донесоа во делот на лебот. Наша обврска е да интервенираме да ги намалиме трошоците што ги имаат земјоделците при производство на храна и да го одржиме и зголемиме домашното производство и во тоа успеваме, рече Николовски, кон учествуваше на презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Тој негира дека доцни исплатата на субвенциите, која, како што истакнува, се врши редовно. Министерот соопшти дека денеска се исплаќаат субвенциите и во делот на сточарството, за говедата, овците, козите, пчеларите… откако пред неколку недели, се исплатени во поледелството, над 30 милиони евра само во еден месец.

– Се подготвуваат и субвенциите во делот на тутунот. Како никогаш досега има редовна, навремена и брза исплата на субвенции и е намален износот што доцнеше во претходните години, како во 2017 година кога сточарите има девет фази на неисплатено млеко. Денеска се исплаќаат последните фази од минатата година, вклучително и фазите кои дополнително ги внесовме преку Интервентниот фонд како поддршка преку сточарството. Оваа година, исто така, се предвидени дополнителни средства во Интервентниот фонд. Ќе ги следиме цените на влезните елементи во делот на земјоделското производство. Имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други сурови, изјави Николовски.

Обезбедени се, потенцира министерот, 400 милиони денари. Минатата година поддршката беше во делот на поледелското производство, на житните култури, за да се одржи и зголеми производството, а оваа година, како што рече, зависно од потребите и барањата на подсекториските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото и за се за што во тек на годината имаат потреба и земјоделците и сточарите.

Би можело да ве интересира

Николовски: Ќе продолжиме со вложување во домашното земјоделство за да им обезбедиме европска иднина на младите

Горан Наумовски

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3