Николовски ги посети земјоделците во Фурка

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги посети земјоделците во Фурка, Дојранско. Како што соопшти неговиот Кабинет, земјоделците ги предочиле проблемите со кои се соочуваат на што дополнителниот заменик-министер порачал дека системските мерки се клучот за нивно решавање.

– Неисплатени и ненавремени субвенции, слаб откуп и пласман на грозјето, се проблемите што ги мачат земјоделците од овој крај. Тие бараат и ревизија на веќе доделеното државно земјиште, како и оспособување на хидросистемот за наводнување на потегот од Ѓавачко поле до Дојран. Субвенциите доцнат, откуп и продажба на грозјето нема, а државата не презема никакви мерки да го обезбеди тоа, изјавил Николовски, додавајќи и дека земјиштето не се доделува на вистинските земјоделци.

Според него, државата треба да гарантира сигурен пласман на сите земјоделски производи, а цената да се договара заеднички со откупувачите и земјоделците.

Земјоделците, додава Кабинетот на Николовски, се пожалиле дека државата не покажува никаков интерес да им помогне иако Фурка е земјоделски крај, а побарале и промени со кои ќе имаат, како што напоменале, достоинствен живот.

Дополнителниот заменик-министер потенцирал дека надлежните институции треба да ги земат предвид барањата и сугестиите на земјоделците и во тој контекст предочил дека сите кои незаконски присвоиле државно земјиште и ја оштетиле државата, ќе одговараат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса