Николов: Владата за 48 часа да ја разреши Регулаторната комисија

Од:

СДСМ со коалициските партнери, со писмена иницијатива до премиерот, ја повикува Владата во рок од 24 часа да ја разреши Регулаторната комисија.

Доколку Владата не го прифати овој предлог, кој е поддржан и од ДПА, во дадениот рок од 48 часа, СДСМ во Собранието ќе поднесе интерпелација за работењето на претседателот на Регулаторната комисија Димитар Петров.

„На чело на Регулаторната комисија седи Димитар Петров – човек кој на оваа позиција дојде директно од општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Кратово. Овој партиски кадар е предлог на Премиерот Никола Груевски и изгласан во Собранието само од страна на владејачкото мнозинство. Затоа, целата одговорност за одлуките кои ги носи овој состав на Регулаторна комисија оди исклучиво на грбот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.Со години предупредувавме дека одлуката на власта за прв човек на оваа Комисија да постави партиски човек е штетна за Македонија, а тоа се покажа и во извештаите на Европската комисија за земјава, во кои се критикуваше партизацијата на регулаторните тела. Сега и дефинитивно се покажува дека сме биле во право, затоа што Петров ова лето докажа дека не ја ја издвои партиската од државната функција“, изјави Марјанчо Николов.

Тие, рече Николов, донесоа неколку спорни одлуки: ја поскапеа струјата по втор пат оваа година, иако не ја најавија, тајно ја укинаа дневната евтина тарифа за струја, неколкупати ги зголемија цените на бензините, а во исто време го донесоа и скандалозниот правилник за топлинска енергија, со кој ќе ги принудат граѓаните да плаќаат на Топлификација, иако не ги користат нејзините услуги.

Овие одлуки „Регулаторната комисија за енергетика“ , според СДСМ, ги носи на сомнителен и нетранспарентен начин, по нејасна методологија, во екот на годишните одмори, далеку од очите на јавноста.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори