Николов: Тендерот за Демир Капија-Смоквица -сомнеж за криминал и корупција

Од:

СДСМ укажува на информациите во јавноста за уште една сомнителна одлука на Министерството за финансии за тендерот за изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица, кој бил спроведен на почетокот на годинава. Победник на тендерот е грчката фирма „Актор“, велат, со понуда од 248 милиони евра, иако италијанската „Тото“ побарала 208 милиони, односно цели 40 милиони евра помалку од грчкиот конкурент.

Според објавените информации, рече Марјанчо Николов, и двете компании не исполнуваат одредени критериуми, поврзани со техничкиот и персоналниот капацитет, но истите критериуми се доволни за да се дисквалификуваат прворангираните италијани, но не се доволни за да се дисквалификуваат второрангираните грци.

„Нејасно и крајно сомнително е тоа што од две фирми, со сличен капацитет и исти недостатоци, била избрана токму грчката, која бара 40 милиони евра повеќе за да ја изврши истата работа. Зарем не би било најлогично и најпаметно тендерот да се поништи и да се оди на нов кога и двете фирми не ги исполниле условите целосно“, рече Николов.

СДСМ бара од министерството за финансии итно да ја објасни пред јавноста ваквата , како што велат, постапка и одлука која е крајно нелогична, создава непотребна обврска од дополнителни 40 милиони евра за граѓаните и која несомнено отвора огромен сомнеж за криминал и корупција.

„Дополнително бараме од власта да одговори, дали инсистирањето грчки фирми во континуитет да ги добиваат најголемите тендери во градежништвото е обид за затоплување на односите со нашиот јужен сосед, добра воља да се помогне на соседот кој се наоѓа во финансиска криза, или се работи само за обичен лукративен и коруптивен мотив?

Сакаме да го предупредиме Министерството за финансии и Владата дека со ваквите постапки и одлуки по меѓународните тендери, на кои за жал не можат да конкурираат домашните градежни компании, се гради негативно мислење, негативна промоција за земјата како место во кое треба да се инвестира и за што владата троши стотици илјади евра пари на граѓаните на скапи „роуд шоуа“, рече Николов

Би можело да ве интересира

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

(ВИДЕО) Тренчевска: Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле

СДСМ: Власта има Буџет од шест милијарди евра, а не сака да ги покачи платите на работниците