Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи задолжување со обврзица само доколку се формира комитет кој ќе следи како се трошат парите

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на новинарско прашање на денешната прес-конференција, дали ќе поддржат задолжување на земјава, кое во услови на техничка влада оди со врзан потпис, вели дека ваков чекор ќе оддобрат само доколку се формира комитет кој ќе следи како се трошат овие средства.

„Утрово добивме таква информација дека министерството за финансии сака да издаде обврзница во висина од 400 милиони евра. Тоа задолжување оди, со врзан потпис заради техничката влада. Ова е потврда на нашите очекувања кои ги имавме и причините зошто се сакаше да се воведе вонредна состојба, а не кризна. Ние сме спремни и ќе го поддржиме ова барање за евро обврзница, нема да бидеме како СДСМ кој што во 2005-2006-тата година кога исто така во услови на криза праќаше писма до кредиторите па, пораснаа каматите. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи земање на обврзница само доколку и ако се формира комитет кој што ќе следи на дневна основа на кој начин се трошат овие средства. Транспарентност и целисходност на трошењето на овие средства мора да има. Доколку истите се потрошат за мерките кои ние ги бараме, тогаш тоа е добар чекор. Но, доколку се трошат за нови вработувања во администрацијата или за сомнителни бизниси на одредени членови на семејството на Заев, тогаш секако дека нема да се согласиме“, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби