Невработеноста во Грција достигна рекордни 26 процетни

Од:

Невработеноста во Грција достигна рекордно ниво од 26 проценти во последното тримесечје на 2012 година, додека мерките за штедење во комбинација со длабоката рецесија се одразуваат и на работната сила на земјата.

Во третото тримесечје од минатата година невработеноста изнесувала 24,8 отсто, а во последните три месеци на 2011 година 20,7 проценти.

Националната статистичка служба денеска објави дека 1,29 милиони луѓе биле без работа во периодот октомври-декември 2012 година. Во старосната група под 25 години невработеноста изнесува 57,8 отсто. Меѓу жените процентот изнесува 29,7 проценти, а кај мажите 23,3 отсто.

Грција преживува благодарение на меѓународните заеми за спас, доделени во замена за тешка програма за намалување на трошоците и зголемување на даноците.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент