Невработеноста во Грција достигна 27 проценти

Од:

Невработеноста во Грција ќе остане висока до 2015 година и ќе биде на ниво од 27 проценти, објави грчкиот весник „Етнос“.

Весникот наведува дека бројот на невработени во Грција, Шпанија и Португалија ќе зголемува, но дека веќе и се надѕира крајот на економската рецесија во овие земји.

Бескрајното буџетско штедење не даде резултати и невработеноста меѓумладите останува сериозен проблем за еврозоната, тврдат аналитичарите.

Невработеноста меѓумладите се смета како најсериозната закана за економијата на еврозоната заедно со банкарскиот систем на ЕУ.

Според „Етнос“, се очекува Грција да остане во рецесија шеста година по ред и во 2013 година нејзината економија да се намали за 4,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски