Невработеноста во Еврозоната над 12 проценти минатиот месец

Од:

Првпат по подолг период е запрен падот на вработеноста во Еврозоната и Европската унија, откако денеска Европската канцеларија за статистика (Евростат), објави дека стапката на невработеност во земјите кои го користат еврото како валута за месец јули е 12,1 проценти.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, невработеноста во Европската унија е точно 11 отсто, што е исто така стабилно во однос на јуни месец оваа година, иако е факт дека стапката е повисока во Еврозоната и ЕУ во однос на јули 2012 година, кога била 11,5% (Еврозона), односно 10,5% (ЕУ).

Според Евростат, 26,6 милиони мажи и жени во Унијата, од кои нешто над 19 милиони во Еврозоната, биле невработени минатиот месец. Во споредба со јуни 2013 година, бројот на невработени е намален за 33.000 лица во ЕУ или 15 илјади во Еврозоната.

Сепак, во споредба со јули 2012 година, невработеноста во ЕУ е зголемена за 995.000 лица.

Еврокомесарот задолжен за вработување, социјални работи и инклузивност, Ласло Андор ги повика земјите-членки да ги засилат напорите за отворање на нови работни места. Според Андор, охрабрувачки е што некои земји успеале малку да го намалат процентот на невработеност преку сезонските вработувања, иако некои од нив се се уште во рецесија.

– Благиот пад на невработеноста во овие земји ја покажува важноста од активната политика и мерките за вработување преку субвенции, намалени даноци на ниско-платените работници, обука и добар квалитет на понудени услови. Сепак, неприфатливо е тоа што повеќе од 26,6 милиони лица се уште се без работа во Европската унија, од кои повеќе од 5,5 милиони лица се на возраст под 25 години – посочи Андор.

Кај земјите-членки на ЕУ, најмала невработеност е забележана во Австрија (4,8 проценти), потоа следат Германија (5,3%) и Луксембург (5,7%), додека Грција со 27,6 проценти од своите работоспособни жители кои се без работа е на врвот на “црната листа”, пред Шпанија со 26,3 отсто.

Во според со лани во ова време, невработеноста е зголемена во 17 земји- членки на Унијата, а е намалена во 11. Најголем процент на зголемување на бројот на невработени лица е забележан во Кипар (од 12,2% на 17,3%), по што следат Грција (од 23,8% на 27,6%), Словенија (од 9,3% на 11,2%) и Холандија (од 5,3% на 7,0%). Најголем пад на невработеноста, пак, во споредба со јули 2012 година, годинава има во Летонија (од 15,7% невработени на 11,5%) и Естонија (од 10,1% на 7,9%).

Интересно е дека, според Евростат, овој месец е намалена невработеноста и во САД, каде од јунските 7,6 проценти невработени, минатиот месец имало 7,4 отсто лица без работа.

Во однос на бројот на невработени млади лица, Европската канцеларија за статистика објави дека во јули 2013 година имало 5,5 милиони лица на возраст под 25 години што немале рбаота во Европската унија, од кои 3,5 милиони во Еврозоната, што во ЕУ е намалување за 53 илјади во однос на јуни 2013 година.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани