Нето приходите на „Џенерал моторс“ паѓаат, но продажбата е во пораст

Од:

Нето приходите на компанијата „Џенерал моторс“ во првиот квартал паднаа за 14 проценти, на 865 милиони долари.

Падот е забележан во момент кога компанијата се подготвува на северноамериканскиот пазар да ја претстави редизајнираната верзија на својот најпродаван автомобил „силверадо“.

Од друга страна заработувачката на компанијата ги надмина прогнозите на експертите од Вол стрит, бидејќи компанијата забележаа помали губитоци во Европа отколку во 2012 година.

Продажбата на ГМ автомобилите во светот порасна за 3,6 проценти. Американскиот произведувач продаде вкупно 2,3 милиони автомобили од тој вид.

Компанијата забележа рекордна продажба во Кина, каде што се продадени околу 816.000 и е забележан раст од 10 проценти. На северноамериканскиот пазар исто така продажбата се зголеми за 9 проценти.

Акциите на ГМ паднаа за 5 проценти и денес имаа вредност од 31,68 долари, а во еден момент достигнаа и 31,75 долари, што е најголема вредност од јули 2011 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on