Нето – платата во септември 20.779 денари

Од:

Просечната исплатена нето плата по вработен во септември изнесувала 20.779 денари што претставува зголемување за 0,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи пред сé на покачувањето на нето-платата во секторите: Стручни, научни и технички дејности, Други услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Намалување на платата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Административни и помошни услужни дејности.

Бруто платата во септември изнесувала 30.556 денари и таа е зголемена за 0,7 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Во септември 2,2 проценти од вработените не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

СДСМ: Трошоците за живот растат, платите стагнираат

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Евростат: Најниска плата во Бугарија, највисока во Луксембург