Нето платата во декември поголема за 0,3 отсто

Од:

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2012 година изнесува  31.466 денари и е за 0,4 отсто поголема во споредба со декември 2011 година, а износот на нето платата е 21.469 денари или за 0,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2011.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на бруто-платата се должи на поголемите исплатени плати во секторите Информации и комуникации за 4,4 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство 4,2 и Дејности на здравствена и социјална заштита 3,4 отсто, а кај нето-платата во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 4 отсто, Информации и комуникации 3,8 и Дејности на здравствена и социјална заштита 3,5 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на ноември 2012, е забележано во секторите Информации и комуникации за 41,9 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 8,1 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 6,6 отсто. Кај нето-платата зголемување е забележано во секторите Информации и комуникации од 45,8 отсто, Трговија на големи и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 7,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 6,5 отсто.

Во декември 2012 година 2,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Стапката на невработеност 12.3 отсто

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство