Нема никакви повластени можности за „Казанчи Холдинг“, тврди премиерот Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека за турската групација „Казанчи Холдинг“ нема субвенции надвор од законот и дека она каде што државата ќе помогне во реализацијата на проектот е административниот дел. Со оваа инвестиција, како што посочи, ќе се овозможи намалување на аерозагадувањето во главниот град.

– Нема никакви субвенции надвор од законските, нема гарантирани цени, нема гарантирани договори за откуп, нема повластени цени, нема повластени инвеститори….. Сè се темели на пазарните услови и тоа е главната парадигма зошто влегуваме во овие процеси. Нема како принципот досега односно како што беше во минатото на оделни инвеститори да им се даваат енормни поволности, да бидат ослободувани од разноразни давачки кон државата. Ова е чисто инвестиција којашто ќе работи на пазарни правила и на пазарни услови. Ние како држава ќе помогнеме во административниот дел односно се што треба, а е поврзано со државата согласно законот, ќе помогнеме да се забрза процесот, рече Мицкоски.

Посочи дека целта е да се изградат производни капацитети коишто ќе произведуваат и електрична и топлинска енергија, а топлинската енергија ќе може да се користи за затоплување на домаќинствата.

– Сите анализи велат дека најголемата причина зошто имаме загадување, за жал, е системот на затоплување на домовите односно користењето на дрва и други типови на фосилни горива или отпад со што се загадува животната средина. Не сакам ова да се сфати како критика, напротив луѓето немаат избор бидејќи ниту една влада претходно не им овозможила избор, тие мора да ги затоплат своите домови. Таквото снаоѓање резултира со голема емисија на ПМ-2,5 и ПМ 10 честички, со што имаме енормно високо ниво на загадување, не само во Скопје, туку и во градовите ширум државата. Ова е единствениот начин како можеме ние да го решиме на долг рок загадувањето, но истовремено и да им понудиме на домаќинствата алтернатива за затоплување на нивните домови, рече Мицкоски.

Најави дека ваквиот модел ќе се продолжи во другите градови каде нема централно затоплување, односно дека ќе се бараат инвеститори.

Би можело да ве интересира

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Филипче и СДСМ немаат кредибилитет да зборуваат за надворешната политика ниту за релациите со Трамп

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Надворешната политика на Владата е импровизација без компас и стратегија

Катерина Ѓуровски

Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“

А1он

Мицкоски: Да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ

А1он

Некои од трговските ланци, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот

Катерина Ѓуровски