Нема европска држава во листата на земји со најбрз економски раст

Од:

Статистичките податоци покажуваат дека во листата на земји со најбрз економски раст, нема европски земји, меѓу првите дваесет. Листата ја состави Бизнис Инсајдер, според критериумите за економски раст во периодот од 2013 до 2015 година.

Прва на листата неочекувано се најде Монголија, со просечен раст во следните три години од 13,60 проценти. Извозот во Кина бројните странски инвестиции се главен извор за економски раст на држава.

Следна е Ирак со раст од 12,23 проценти во следните три години. Извозот на нафта се враќа на нивото пред војната, поставени се принципи на слободен пазар, се развива инфраструктурата, се очекува странските инвестиции уште да пораснат откако ќе се повлечат американските трупи.

Источен Тимор е со раст од 10,63 проеценти, каде главен извор на раст се нафтата и гасот. Други извори засега нема, а новата држава е уназадена од војната за независност од Индонезија.

Во Сиера Леоне минатогодишниот раст на БДП изнесуваше дури 25 проценти, а прогноза на растот за следните три години е 9,54 проценти.

За Мозамбик прогноза на растот за следните три години е 8,73 проценти. Половина од владиниот буџет се полни со меѓународна помош, а поголемиот дел од населението живее на границата на сиромаштија. БДП зависи од цената на алуминиумот, која во моментот е висока.

Понатаму според редоследот следат Гана, Лаос, Ангола, Етиопија, Конго, Руанда, Гамбија, Узбекистан, Шри Ланка, Панама, Замбија, и Танзанија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана