Нема договор за ЕРТ, дали е на повидок политичка криза во Грција?

Од:

Лидерската тројка во Грвија не успеа да се договори за судбината на јавната радио-телевизија ЕРТ.

„Со тоа не најдоа и излез од политичката криза“, изјави доцна синоќа , лидерот на најмалиот коалициски партнер партијата ДИМАР, Фотис Кувелис по средбата кај премиерот Антонис Самарас.

Средбата на лидерите на трите владејачки партии, на конзервативната Неа демократија, премиерот Антонис Самара, на социјалистите од ПАСОК; Евангелос Венизелос и ДИМАР (Демократската левица), Фотис Кувелис, беше куса и траеше само 45 минути.

Венизелос по средбата свика итен состанок на парламентарната група на ПАСОК на кој учествуваа и членовите на раководството на партијата. Со ова се доведува во прашање и опстојувањето на владината колаиција, боидејќи никој нема мнозинство во грчкиот парламент.

Инаку ММФ јасно кажа дека одлуката во врска затварањето на ЕРТ е на грчката влада. Портпаролот на Меѓународниот монетарен фонд, Џери Рајтс изјави дека ММФ во никој случај не побарале затварање на грчката радио телевизија ЕРТ, како дел од мерките за штедење во Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он