НБГ:Напуштањето на еврозоната со драстични последици за Грција

Од:

Националната банка на Грција излезе со предупредување – „Ако Грција ја напушти еврозоната, животниот стандард на граѓаните и нивните приходи двојно ќе се намалат, а инфалцијата и невработеноста драстично ќе се зголемат“.

За две недели во Грција се одржуваат нови избори, по неуспехот да се усогласат ставовите главно околу почитување на договорот со ЕУ и со ММФ, за штедење.

Изборното одмерување на силите во Грција на 17 јуни, ќе даде и одговор , дали земјата ќе остане во Европската монетарна унија.

Националистичките партии заговараат напуштање на договорот со ЕУ и ММФ, излегување од еврозоната, па и враќање на драхмата.

„Напуштањето на еврозоната ќе доведе до значително опаѓање на стандардот на граѓаните, се наведува во анализата, со проценка дека приходите на Грците ќе бидат помали за над 55 проценти“, пишува во извештајот на Националната банка на Грција.

Показателите, доколку се напушти еврозоната за Грција ќе бидат драматични, драхмата што би го заменила еврото, уште на самиот старт ќе падне на 65 отсто од почетната вредност, рецесијата дополнително ќе се продлабочи, стапката на невработеност од сегашните 22 ќе достигне на 34 проценти, а инфалцијата наместо два процнти, колку што е сега, би се движела околу 30 отсто.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент