Наумов: Ставрески да објасни кој е основот за задолжувањата

Од:

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов реагира на денешната аукција на државни хартии од вредност и со допис до медиумите го прашува министерот Зоран Ставрески кој е основот за задолжувањата.

– Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 81 милион евра во државни записи. Повторно повеќе од потребното за враќање на доспеаните обврски. Заклучно со денешната аукција нето долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Дали овие средства планира да ги „истури“ во предизборниот период или е свесен за реалната економска состојба и погрешните економски политики во изминатиот период, пишува во реакцијата од кабинетот на Наумов.

Дополнителниот заменик-министер прашува дали задолжувањата се последица на општата намалена економска активност и драстичното намалување на редовните приливи во буџетот.

– И Народната банка на РМ во последниот извештај за макроекономските показатели констатираше потфрлање во приливите од ДДВ, данокот со најголемо учество на приходната страна. Во 2015 година и според НБРМ приливите од ДДВ се пониски за 6.3 проценти од проектираните и, што е уште поалармантно, во апсолутен износ приливите од ДДВ во 2015 година се пониски од износот собран во 2014 година, се наведува во соопштението од Кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Втор обезбедувач на Мицкоски фатен во контакт со подземје

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевски: Нов скандал во министерството на Андоновски, тендер добиле родители на негов вработен

Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани