Наумов: Со вакво темпо на задолжување во мај ќе се потроши дефицитот за цела 2016

Од:

За задолжувањата на домашниот пазар на капитал, дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов смета дека:

„Во јавноста во последните месеци темата за задолжувањето добивам впечаток дека почнува да се претставува како лична битка помеѓу Наумов и двоецот Груевски-Ставрески. Односно, еве Владата на Вмро Дпмне ветува и бара средства за проекти, а СДСМ дури и исплатата на тековните обврски се обидува да ја закочи.

Ниту првото, ниту второто не е точно.

Во РМакедонија постојат закони. За жал некој ги смета за палома хартии.

Граѓаните на Р.Македонија треба да останат и во иднина да живеат на ова поднебје.

Никој не смее да го злоупотребува правото на потпис, за да ја отпише иднината на младите.

Министерот Ставрески на 24.11.2015 година јасно кажа дека со четвртата еврообврзница се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на Буџетот за 2016 година.

Само со вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Груевски и Ставрески ги задолжија граѓаните на РМакедонија со нови 15.5 милиони евра нето долг.

Односно само со првото задолжување во 2016 се реализираше 5% од планираниот дефицит за целата 2016 година. Во првите шест месеци од оваа година Ставрески има закажано уште 23 аукции на државни хартии од вредност.

Со вакво темпо на задолжување веќе во месец мај планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран.

Очигледно е дека Груевски и Ставрески се водат од девизата ПОСЛЕ НАС ПОТОП.

Сето ова се случува во пресрет на одлуката на Управниот Суд на РМ, во чии раце е одговорноста дали ова сценарио ќе продолжи да се остварува.“, пишува во соопштението од кабинетот на Наумов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он