Здружението за социјални иновации „АРНО“ и оваа година го објави конкурсот за поддршка на зелени бизнис идеи кои се иновативни, поттикнувааат развој на екологијата, промовираат традиционална изработка на производи и користат ресурси од локалната заедница. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk, рокот за аплицирање е до 20 јуни 2018 година.
„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и Босна и Херцеговина. Оваа година Македонија е домаќин на регионалниот натрпевар каде победниците на националните конкурси, по 3-ца од секоја земја, се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји. Минатата година Македонија имаше дури два победника: Еко-магионичарот Кристиан Шопов познат со неговата моментална иницијатива „Хокус Покус-рециклирањето е во фокус“ и стартапот„ Храна за сите“ кој нуди онлајн продажба и донација на непордадена храна од угостителските објекти.