Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Од:

Преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани финансиски институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа. За таа цел, во име на Народната банка и Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност ̶ Македонска АЛПБАХ заедница, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и застапникот на здружението, Марко Палоски, потпишаа Меморандум за соработка.

Како што стои во соопштенито од кабинетот на гувернерката, со Меморандумот се предвидува Народната банка да организира предавања, обуки и работилници за финансиска едукација за членовите на Здружението, како и за различни целни групи во соработка со Здружението.

-Здружението ќе соработува со централната банка преку предлози за проектни активности во доменот на финансиската едукација, како и преку организација на членовите за следење на едукативните активности и на материјалите. Преку соработката и проектните активности се отвораат нови можности за младите за едукација, проактивност и иновативност, наведуваат од Нардоната банка.

Во 2021 година беше донесена првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска вклученост, изработена од финансиските регулатори, под водство на Народната банка. Стратегијата дава системска рамка за зајакнување на процесите на финансиската едукација и подигнување на нивото на финансиската писменост на населението. Од големо значење за процесите е зајакнувањето на координацијата и соработката помеѓу финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор и граѓанскиот сектор. Соработката значи оптимално користење на ресурсите, постојано вложување напори и зголемена колективна одговорност во однос на поставените цели, наведуваат од Кабинетот на гувернерката Ангеловска – Бежоска.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on

Милица Арнаудова – Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on