Народна банка: Зголемено плаќањето со платежни картички во вториот квартал од годинава

Од:

Плаќањето со платежни картички во трговијата е зголемено во услови на пандемија, покажуваат податоците на Народната банка од платежната статистика за вториот квартал од годинава.

Оттаму денеска информираа дека плаќањето со платежни картички забележува годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 7,4 проценти и 17,6 проценти.

Висок е годишниот раст на бројот на плаќања за купување преку интернет, кој во вториот квартал изнесува 169,6 проценти и е петкратно повисок од годишниот раст во истиот квартал лани. Во однос на користењето на платежни картички на физички места на продажба остварен е годишен раст од 4,9 проценти, кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година.

– Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3% проценти во однос на бројот и 17,4 проценти во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%), информира Народна банка.

Најчесто граѓаните ги извршувале плаќањата преку компјутер, поточно во вториот квартал се забележува висок годишен раст од 32,9 проценти, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал лани, кога изнесувал 14,7 проценти. Сепак, продолжува и трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за плаќање, односно бројот на плаќања преку мобилен пораснал за 75,1 процент на годишна основа.

Од друга страна, велат од Народна банка, условите што ги наметна пандемијата придонеле за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на извршувањето кредитни трансфери на хартија, пришто бројот на кредитните трансфери извршени на овој начин забележува голем годишен пад од 24,6 проценти во вториот квартал оваа година, наспроти годишниот раст од 4,1 проценти во истиот квартал во минатата година.

– Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 проценти, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, оценуваат од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on