Од денеска може да сметаме дека ќе влијаеме и ќе учествуваме активно во сите мерки доколку има потреба да се донесуваат, велат од Независната угостителска комора.
НУК денеска го имаше првиот состанок со Владата, односно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Од нашите пет барања, три се исполнети, четвртото останува да се доработи, а во однос на петтото немаше. Јануари е на некој начин изгубен во однос на субвенциите за плати, но тоа државата работи на тоа да ги надокнати во наредниот период“, вели Здравко Јосифовски од НУК.
Тој вели дека ќе можат да кажат дека се задоволни кога и да ги добијат мерките.
„Можеме да кажеме дека првиот чекор кон доброто за угстителската индустрија сме го направиле“, вели тој.
На денешната средба било договорено пред презентацијата на мерките кои ќе ги донесе Владата да има уште една средба со Битиќи.