Намалено индустриското производство

Од:

Индустриското производство во првите два месеца од годинава во однос на истиот перод лани е намалено за 1,9 проценти. Во февруари годинава споредено со февруари минатата година намалувањето изнесува 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, кај индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во февруари годинава во однос на истиот месец лани е забележано опаѓање од 4,9 проценти, а 4,4 проценти во „преработувачката индустрија“. Пораст од 31,9 проценти статистиката евидентира во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.

Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите за производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, текстил, облека, фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во февруари годинава споредено со февруари лани бележи пораст кај „енергија“ за 17,5 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,2 процента, „капитални производи“ за 0,1 процент, а опаѓање кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 10,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата