Намалени увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи

Од:

Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) во март годинава се пониски за 25,3 отсто на месечно ниво и за 33,7 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозните цени на моторниот бензин се намалени за 38,9 отсто на месечно и за 43,2 отсто на годишно ниво, кај дизелот намалувањето е 27,4 на месечно и за 38,4 отсто на годишно ниво, а кај автоплиновите на месечно ниво увозната цена е намалена за 28,7, а на годишно за 30,8 отсто.

Увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот