Намалени трошоците за живот и цените на мало

Од:

Трошоците на живот лани во однос на 2014 година биле пониски за 0,3 отсто, а цените на мало за 1,3 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, движењето на трошоците било различно по одделни групи на потрошувачка. Намалување е забележано во групите Транспорт за 9 отсто и Комуникации за 4,9, додека пораст има кај Алкохолни пијалаци, тутун за 5,4 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 2, Здравје за 1,5, Ресторани и хотели за 1,2, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,1, Рекреација и култура за 0,8, Облека и обувки за 0,4, Храна и безалкохолни пијалаци и Образование за 0,1 процент. Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година. 

Движењето на цените на мало, исто така, било различно. Намалување е забележано во групите Индустриско-непрехранбени производи за 3,4 и Услуги за 0,7 отсто, а пораст кај Земјоделски производи за 3,3 и Пијалаци за 0,6 проценти. Групата Индустриско-прехранбени производи е на ниво од претходната година. 

Трошоците на живот во декември 2015 година вo споредба со декември 2014-та се намалени за 0,3 отсто, а цените на мало за 0,4 проценти. Намалување на трошоците на животот е регистрирано и во однос на ноември 2015, за 0,1 отсто. 

Како што наведува ДЗС, намалувањето е резултат на пониските индекси на овошјето за 6,1 отсто, рибата за 2,1, конзервираната риба за 1, како и другите неспомнати прехранбени производи за 0,7, месото, свежото млеко и сувото овошје за 0,3 и тестенините за 0,2 процента.

Во декември 2015 година вo споредба со декември 2014-та, намалување на трошоците на живот е забележано и кај болничките услуги за 7,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 7,5, лековите за 1,6, течните горива и мазива за 0,7, гасот за домаќинствата за 0,3, електричните апарати-големи за домаќинствата и игрите, играчките и хоби за 0,2 процента. 

Пораст на трошоците, пак, има кај јајцата за 1,1 отсто, другото месо и зеленчукот за 0,7, другите млечни производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од млеко за 0,2 отсто. 

Поголеми се трошоците и кај услугите за сместување за 15,3 отсто, пакет-туристичките аранжмани за 6,9, авионскиот превоз на патници за 6, стоматолошките услуги за 0,9, другите производи за одржување на станот, телефонските и факс апаратите и услугите за 0,6, материјалите за одржување и поправки на станот и електричните апарати-мали за домаќинствата за 0,4, обувките, цврстите горива за домаќинствата, услугите и средствата за лична хигиена за 0,3, мебелот и информатичката опрема за 0,2 процента.

Би можело да ве интересира

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска

„Ѓорче Петров“ донираше за социјално загрозеното семејство од „Долно Лисиче“, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Јадам леб и шеќер за да има за децата“, четиричлено семејство преживува со 5 илјади месечно

Ана Ололовска