Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава на месечно ниво биле пониски за 0,1 отсто, а на годишно за 4,2 процента.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, минатиот месец во споредба со октомври 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски само во групата Енергија за 0,5 отсто.
Во ноември 2015-та, во споредба со ноември 2014-та, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,2 процента, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 и Капитални производи за 0,2 отсто.