Намалени порачки и помал број вработени, очекуваат раководителите во трговијата на мало

Од:

Економската состојба на деловните субјекти во трговијата на мало во првиот квартал била поповолна, оценуваат раководителите на овие претпријатија, но нивните очекувања за наредните две тримесечја се понеповолни, објави Државниот завод за статистика.

Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје. Финансиската состојба во првото тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2018 година, како и оценката за очекуваните порачки за наредниот период. Очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.

Продажните цени во првото тримесечје од 2019 година се зголемиле во однос на претходното, а се очекува нивно намалување во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2019 година имал: слабата побарувачка од купувачите со 21,1 отсто, недостигот на обучен кадар со 20отсто, зголемената конкуренција на пазарот со 17,3 отсто и зголемените трошоци за труд со 15,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани