Намален бројот на сезонски работници за бербата на вишни

Од:

Во екот на бербата на вишните во регионот на Пијанец каде тие се застапени на површина од над 300 хектари, има недостиг на сезонски работници.

Славчо Гоцевски, кој има насади на 15 хектари со вишна, истакнува дека проблемот со сезонските работници се провлекува секоја година.

– Годинава намален е и родот поради мразот и градот од пред неколку дена, така што и ефективната заработувачка на работникот ќе биде намалена, односно работниците ги плаќаме по набрана гајба со вишни, а кога нема род и заработувачката ќе биде помала. Проблемот го решив со зголемување на цената, така што плаќав по 100 денари од гајба за да можам бербата да ја доведам кон крај. Вишната не може да чека, изјави Гоцевски.

Проблем со сезонски работници има и во комбинатот Рудине ММ кој има сопствени насади со вишни на површина од 200 хектари.

Богдан Стојановски, менаџер во комбинатот, изјави дека за потребите на бербата, која започна денеска, се ангажирани 300 сезонски работници.

– Договараме со соодветни фирми и во моментот имаме сезонски работици од Струкица, Кочани и Виница, а најмалку од Делчево. Фирмата која ги ангажира, им обезбедува храна и сместување. Оваа година се плаќа по 65 денари од набрана гајба, истакна Стојановски.

И според него, проблемот со сезонските работници не е од годинава. -Порано сме ангажирале по 500 луѓе, но последниве години, според мене, најголема причина е иселувањето. Како комбинат размислуваме да воведеме и машинска берба на вишни со што ќе го решиме овој проблем. Машината е инвестиција од 140 илјади евра и мора да размислуваме за да ја набавиме за да не се соочуваме со овој проблем, рече Стојановски.

Откупната цена на вишните годинава изнесува 42 денари по килограм. На килограм откупена вишна и државата субвенционира по 2 денари. Во регионот во добра година се произведуваат над две илјади тони вишни, но годинава родот е преполовен.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски