Независниот академски синдикат го поздравува покачувањето на минималната плата, кое е усвоено на последниот Економско-социјален совет.
– Покачувањето ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард. Сепак, оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата, соопшти Независниот академски синдикат.
– Се надеваме дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја, се додава во соопштението на Независниот академски синдикат.