Највисока инфлација во Австрија за 47 години

Од:

Инфлацијата не престанува да расте во Австрија. Во јуни достигна нова рекордна вредност од 8,7 отсто, највисока инфлација во изминатите 47 години.

Животот на Австријците повторно поскапе значајно и тоа поради „скокот“ на цените на горивото, намирниците, струјата, угостителските услуги.

Мини потрошувачката корпа, што покрај намирници и услуги содржи и гориво, на годишно ниво поскапе за 19 отсто.

Кога станува збор за гориво дизел, во споредба со јуни минатата година, тоа поскапе за околу 65 проценти, додека бензинот за 61 отсто, покажаа податоците на Статистичкиот завод на Австрија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

ДУИ: Храната станува недостапна, додека неспособната влада продолжува да ја игнорира кризата

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски