Најт Франс: За 10 години ќе се зголеми за 50 отсто бројот на супербогати во светот

Од:

Според компанијата за трговија со луксузни имоти Најт Франс, 95.000 нови исклучително богати луѓе ќе бидат дел од тој затворен клуб. Тие веќе се причина за големото поскапување во некои региони на Азија како Хонг Конг и Бали, објави францускиот весник Ле-з-еко.

Тоа е најзатворен список во светот. Во него не влегува кој ќе посака. Американски Форбс пресмета дека во светот има 1.426 милијардери, со вкупно богатство од 5,4 билиони долари. Само освен класификацијата на милијардери има и друг список – исклучително богати, публикуван од Најт Франк, специјализирани во секторот на луксузни недвижни имоти.

Луѓето од нивниот список во Њујорк, Дубаи, Лондон и Женева располагаат со богатство од околу 30 милион долари секој.

Според Велт рипорт, за 50 отсто ќе биде зголемен бројот на луѓето кои ќе бидат во списокот на Најт Франк во следните 10 години. Во САД бројот на исклучително богати е најголем. Во 2012 година бројот на исклучително богати е зголемен за 8.700, што е зголемување за пет отсто.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана