Најслаба божиќна продажба во Грција во изминатите 10 години

Од:

Според првичните проценки, грчките трговци на мало оваа година регистрирале најслаба божиќна продажба во изминатата деценија – за околу 40 отсто пониска отколку во 2011 година.

Божиќната продажба на облека и чевли во однос на 2011 година биа пониска за 50 отсто, електрични уреди за 40 отсто, а козметики и книги за 30 отсто, соопшти Националната конфедерација на грчки трговци.

Дури и продажбата на прехранбени стоки оваа година пред Божиќ била во просек пониска за 20 отсто во споредба со лани.

Конфедерацијата наведува дека празничниот промет во малопродажбата оваа година ќе се намали на 7,6 милијарди евра од 9,25 милијарди евра во 2011 и 13,2 милијарди евра во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција