Најголемите трговски центри во светот се на територијата на Азија

Од:

Најголемите десет трговски центри во светот се наоѓаат во Азија, а според една анализа објавена во Сингапур, гигантските трговски центри, најчесто, се нецелосно искористени.

Најголемите од сите, што не е изненадување, се изградени во Кина. Најголем е „Соут Чајна Мал’’ во Донгун, кој има простор од 660.000 квадратни метри, а втор со 100.000 квадрати помалку простор е пекиншкиот  „Голден рисоурс’’.

На листата од десетте најголеми трговски центри има и три од Филипините. Сопственици, или најголеми акционери на трговските гигант во Манила и Лузон се тајкуни од Кина, или филипинци од кинеско потекло.  Филипинската трговска мрежа „ Прајм холдинг’’ со 40 релативно помали „мал центри’’ работи и на кинескиот пазар.

Сингапур, светскиот центар на трговијата во последните децении на минатиот век сега само како збир на вкупниот простор влегува во 15-те најголеми во светот. Од пред 10 години  титулата „трговски рај ’’ во југоисточна Азија од Сингапур ја презедоа Филипините, Малезија и Тајланд.

Два трговски комплеки, кои не се на источниот дел на Азија, но се во топ 10 листата се наоѓаат во Иран и Дубаи. Иранскиот „ Персиан гулф комплекс’’ има продавници на простор од 450.000 квадратни метра и е лоциран во градот Шираз е трет по големина во светот. Во Дубаи, во еден комплекс со површина од 350.000 квадрати е „Дубаи Мал’’, кој  со 350.000 квадрати продажен простор е седми по големина во светот.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска

Индексите на азиските берзи пораснаа од најниските нивоа во последната година

Ана Ололовска

Раст на цените на акциите на Азиските берзи

На Азиските берзи зголемени цени на акциите, доларот ослабна

Ана Ололовска

На Азиските берзи пад, доларот зајакнува

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска